Секој нов ден носи и нов мегатрансфер во НБА-лигата, па така денеска Двејн Вејд ја обелодени својата одлука да си замине од Мајами хит и да потпише договор со Чикаго булс.
Вејд стана слободен агент и разговараше со неколку заинтересирани клубови, како една од опциите се споменуваше и шампионот Кливленд, но кавси му понудија убедливо најмалку пари на овој суперквалитетен кошаркар. На крајот во игра останаа Мајами и Чикаго, при што пресуди понудата од 47,5 милиони долари за две сезони на „биковите“, наспроти „само“ 40 милиони долари, колку што гласеше понудата на довчерашниот клуб на Вејд.
Така, трикратниот НБА шампион реши да си замине од Флорида и да се пресели во градот каде е роден. Вејд во Чикаго ќе го наследи Дерик Роуз како лидер на тимот, откако одличниот плејмејкер минатата седмица си замина од таборот на „биковите“ и потпиша за Њујорк никс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот