Турски полицаец загина, а десетина се ранети во вооружен судир со сириските бунтовници што се случил на граничната линија кај местото Акчакале.
Инцидентот се случил откако сириските бунтовници сакале да се вратат на турска територија, но полицијата им го попречила патот по што отвориле оган. Сириската опозиција соопшти дека настрадале двајца бунтовници. Анонимни турски официјални лица првично соопштиле дека станува збор за група криминалци, но турската опозиција ги демантирала таквите тврдења и потврдила дека се работи за бунтовници.
Случајот е ироничен поради фактот што Турција е можеби најголем поддржувач на сириските бунтовници, но аналитичарите велат дека ова е типичен пример колку лесно можат да се свртат против нивните спонзори, ако работите не се одвиваат по вољата на бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.