| четврток, 6 декември 2018 |

Баркли го нападна Дурант: Во наше време немаше вакви предавства

barkli

Кевин Дурант го навлече бесот на целокупната спортска јавност во САД со одлуката да си замине од Оклахома сити за да му се приклучи на Стеф Кари во Голден стејт вориорс. На големиот број на новинари, аналитичари и поранешни играчи кои го критикуваат Дурант им се приклучи и Чарлс Баркли, кој не го криеше разочарувањето од одлуката на суперѕвездата.

– Се разочарав кога слушнав, исто како кога Леброн потпиша за Мајами. Мислам дека е одличен играч, немам никаков проблем со таков потег, но да го направеше играч кој е при крајот на кариерата како Карл Мелоун или Гери Пејтон. Не играч што има 27 години и неколку пати бил најдобар поентер и МВП. Зарем не сакаш да се натпреваруваш и да доминираш во лигата? Вака само изгледа како да сакаш на нечесен начин да дојдеш до титула. Напушташ релативно ослабен тим, за да одиш некаде каде ќе имаш поголема шанса за освојување на титула. Повеќе ќе му значеше титула освоена со Оклахома отколку ако освои со Голден Стејт – истакна Баркли кој го обвини притисокот за титула во резимето како еквивалент на величината на самиот играч.

– Во САД се изгради еден систем на вредности кој кажува дека доколку немате титула не сте ништо. Јас не се чувствувам како пропаст. Сигурен сум дека Патрик Јуинг, Карл Мелоун и Џон Стоктон се подеднакво добри играчи како и тие со титула. Можевме и ние да го направиме истиот потег и да си запишеме титула, но во наше време немаше вакви предавства – заврши Баркли кој 11 пати беше учесник во Ол Стар тимот, но никогаш не освои титула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top