Зборот „Бергзит“ овие недели во Британија станал најчесто пребаруваниот збор на „Гугл“. Ова е првпат зборот „порно“ да се најде на второт место, пишува британски „Индепендент“.
Како што наведува весникот, „Гугл“ станал „најголемиот советник“ затоа што огромен број Британци преку овој пребарувач барале информации и пишувале прашања, како на пример – Што ќе се случи кога ќе излеземе од Европската унија?
Иако интернет-експертите, според сите досегашни искуства, тврдат дека е невозможно да се надмине бројот на пребарувања на зборот „порно“, за време и по кампањата и референдумот, зборот „Бегзит“ избил на прво место. По споменатите два збора, на трето место според пребарувањата бил зборот „фудбал“.
Еден ден по одржувањето на референдумот во Британија, како што пишува весникот, зборот „порно“ го доживеал најголемиот пад во Англија.
За споредба, „Индепендент“ наведува дека порноснимката на Ким Кардашаијан објавенa во 2014 година, тогаш билa пребаруванa на интернет шест проценти помалку од што е сега „Брегзит“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.