| четврток, 6 декември 2018 |

Меси навреден ја напушта Барселона

jorgemessi-getty

Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси по вчерашната осуда на 21 месец затвор решен е да ја напушти Барселона. Шпанскиот суд вчера ги прогласи за виновни Меси и татко му за затајување данок, а аргентинската суперѕвезда веќе донела одлука да замине од клубот, навредена поради тоа што не му пружил доволна поддршка за време на судењето. Таткото Жорге, кој воедно е и менаџер на фудбалскиот ас, веќе му осигурал нови приходи. Според тамошните медиуми, тој во изминатите десет дена на јахтата на Роман Абрамович се обидувал да го договори најскапиот трансфер во историјата.

Напаѓачот на Барселона нема да мора да отслужува затворска казна затоа што, според шпанските закони, казната помала од две години може да се служи условно, но и покрај тоа тој размислува да замине од клубот каде што ја помина целата своја фудбалска кариера во Европа. Барселона испрати официјална изјава по пресудата со која застана зад својот играч, но, како што се чини, предоцна. Меси се навредил и решил да чуе што нудат богатите руски олигарси.
Според неофицијалните информации, Челси бил подготвен да ѝ плати 100 милиони фунти отштета на Барселона, што ако се реализира би бил најскап трансфер во историјата, а Меси ќе стане најдобро платен играч на планетата.
Барселона сѐ уште не му понудила нов договор, а, според некои информации, во Лондон би можел да заработува меѓу 400 илјади и половина милион фунти неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top