Полицајци во Луизијана убија црномурест маж за време на расправија пред продавница во главниот град на американската сојузна држава Батон Руж, што предизвика нови протести поради насилството врз Афроамериканците.
Алтон Стерлинг (37) бил застрелан пред продавница во 12:35 часот ноќта, после расправија со двајца полицајци, потврди полицијата на Батон Руж. Починал на местото на настанот, а полициската истрага сè уште трае.
Според резултатите од аутопсијата, 37-годишниот Стерлинг умрел од повеќе прострелни рани во градите и грбот, јави агенцијата „Асошиејтед прес“.
Сопственикот на продавницата, Абдула Муфлахи, сведочи дека Стерлинг немал оружје во раката, ниту пак раката му била блиску до џебот.
Протестантите се собраа пред продавницата каде се случило убиството. Педесетина луѓе носеа транспаренти на кои пишува „Црните животи значат“ и „Раце горе, нè пукајте“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.