| четврток, 6 декември 2018 |

Пет збора кој ќе ве уништат

Зборовите се навистина моќно оружје. Тоа што ќе го изговорите подеднакво може да ви помогне или одмогне, во зависност од тоа со кои фрази се служите, на кој начин нешто изговарате и што сакате да постигнете со тоа.

Паровите тука најчесто грешат и не обрнуваат внимание на тоа што го изговараат пред партнерот. Сепак, треба да бидете свесни за зборовите кои можат да го претворат вашиот однос во пекол. Доколку сакате да ја зачувате вашата врска и да избегнете раскинување, овие зборови треба да ги избегнувате колку што е можно почесто.

Никогаш

Овој збор подразбира чувство на безнадежност и крај. Кога го користите овој збор, на партнерот му порачувате дека не е добар, никогаш нема да биде добар и дека нема надеж за промени. Во прашање е „се или ништо“ тип на фраза која не остава простор за слушање, компромиси и добра волја.

Секогаш

Со овој збор укажувате на строгост и исправност. На партнерот му порачувате дека не е во право, а дека вие сте во право и дека ништо не може да се направи во врска со тоа. И тука е во прашање „земи или остави“ тип на фраза која го блокира пристапот кон разбирање и поправање на нарушените односи.

Но…/Ама…

Кога велите „Но…“, или „Ама…“, тоа укажува на манипулирање и недостаток од сопствено јас. Кога ја користите негирате се што е претходно кажано. Со неа ја поништувате вашата порака и позитивната изјава ја претворате во негативна. Зборот „Но“ или „Ама“ го исклучува градењето на доверба, веродостојност и интимност.

Пцовки

Ова не е еден збор, ова се палета на зборови, но во ниту еден случај не смеете да ги користите. Тоа што го именувате партнерот со погрдни зборови не може да донесе ништо добро. А ако го правите тоа често, со тоа трајно ја уништувате врската. А во љубовта нема место за отворено презирање.

Развод/Раскинување

Заканите за развод или раскинување, предложување на истите или обвинувањето на партнерот дека ја уништува врската или бракот води токму кон тоа.

Разводот или раскинувањето е многу важна одлука и кога ова го користите во разговорот како оружје или средство за контрола, создавате напната атмосфера која не допринесува за ефективна комуникација, ниту пак за решавање на проблемите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top