Мохамед Абрини, терористот кој учестуваше во нападите во Париз и во Брисел „пропеа“ пред истражните органи кои ги шокираше со изјавата дека е дел од терористичка ќелија која е многу помасовна од она што се очекуваше. Абрини е познат како „човекот со шеширот“ од аеродромот во Брисел, а беше уапсен неколку недели по нападот.
Тој откри дека Салах Абдеслам, последниот преживеан терорист од нападот во Париз е многу поголема „фаца“ отколку што се мислело и дека токму тој „клошар од Моленбек“ одигра многу важна улога во нападот на Париз, но и на Брисел. Тој бил задолжен за логистика.
Абрини изјавил дека организаторот на нападот на Париз го запознал во Сирија.
– Абдуламида Абауда почна како обичен борец, но многу брзо напредуваше. Контролираше војска од илјада лица која ја сочинуваа борци од Белгија и од Франција – изјави Абрини, додавајќи дека тие луѓе никогаш немале никакви проблеми да ги минуваат границите внатре во Европа.
Тој вели дека меѓународните потерници немаат никаква цел.
– Јас сум жив пример за тоа. Скоро секој ден поминував покрај полицајци и војници и тоа без да го скријам лицето. Само носев капа. Сигурноста на границите е никаква. Политичарите сакаат да го излажат народот дека границите се сигурно, но во реаланоста тоа не е така – вели Абрини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.