| четврток, 6 декември 2018 |

Што не треба да користите како пин-код за вашата кредитна картичка?

Луѓето често користат несигурни и ризични пин-кодови и компјутерски шифри, коишто можат да донесат многу главоболки.

Да се запомни шифрата е важно, се разбира, но уште поважно е таа да не е дотолку лесна. Има неколку основни грешки, кои многумина од нас ги прават, кога ставаат пин код на нова картичка или пак, го заменуваат претходниот.

Никогаш не користете ги следниве комбинации: вашиот датум на раѓање, годината на раѓање, тековната година, роденден на ваши блиски, потоа – четири исти цифри (најчесто користените се – четири нули), поштенскиот број на вашето место на живеење, вашиот телефонски број, датумот на вашата свадба или кој било друг поважен настан во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top