| четврток, 6 декември 2018 |

Поволни кредитни картички „мастер кард“ на Еуростандард банка

Еуростандард банка ја продолжи понудата на кредитни картички „мастер кард“ со 3 проценти минимална месечна отплата и каматна стапка од 10 проценти на годишно ниво до 30.6.2013 година. Оваа одлука е донесена со цел банката да излезе во пресрет на потребите на клиентите за олеснување на плаќањето на доспеаните обврски.

„Целта на продолжувањето на промотивната понуда на „мастер кард“ со минимална месечна отплата од 3 проценти е да им се олесни месечното плаќање на доспеаните обврски на сите корисници на кредитните картички „мастер кард“  на Еуростандард банка. За таа цел обезбедивме и бескаматен грејс-период до 45 дена за сите трансакции извршени на продажните места во земјата и во странство – изјавија од Еуростандард банка.

Во палетата на „мастер кард“ на Еуростандард банка се достапни и картичките „мастер кард бизнис“, дебитна картичка „мастер кард бизнис“ и „мастер кард голд“, кои може да се користат на преку 900.000 банкомати и 29 милиони терминали низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top