| четврток, 6 декември 2018 |

Не им давала ни одмор ни боледување – битолска газдарица ќе одговара на суд

СВР Битола поднесе кривична пријава за 46-годишната С.Б. од Прилеп, управителка во „Скала трејд“ д.0.0.0.л. од Битола, како и против наведеното правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на правата од работен однос и повреда на правото од социјално осигурување.

Во текот на 2015 и на 2016 година, пријавената спротивно на Законот за работни односи од склучени договори за вработување, не ги почитувала одредбите во врска со времетраење и користење на годишен одмор, времетрење на полно работно време, повредувајќи ги правата на вработените работници, а исто така не им овозможила користење на здравствено и платено боледување. Исто така, повеќе вработени во правното лице целиот износ од претходно исплатена сума на трансакциска сметка по однос на регрес за годишен одмор за 2014 година на рака го враќале износот во фирмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top