| четврток, 6 декември 2018 |

Ги изрешетав за да докажам дека не сум слабак и да се спасам од срамот – Првите зборови на Синиша за маскарот кој го направи

sinisa zlatik ubica

Во масакрот во Житиште, Синиша Златиќ уби 5 и рани 20 луѓе, а според првите сознанинја и сите околности во овој случај, најверојатно причината била љубомора заради поранешната жена Дијана Савановиќ Златиќ.

Убиецот на полицијата и се правдал делото го сторил за да покаже дека е “вистински маж” и дека не можел да го прифати фактот што жената го оставила, со себе го земала и детето, заради што му се потсмевале пријателите и роднините.

Тие постојано го подбуцнувале со прашањето – Знаеш ли каде е жена ти ?

– Постојано ми раскажуваа каде ми е жената и со кого. Ме зафркаваа и ми се потсмеваа. Кога и да ме видеа, ми поднесуваа извештај каде ја виделе. Сите за нејзе зборуваа најлоши работи, дека е ваму, таму, со еден, со друг, дека тоа никогаш не би го правела добра мајка и дека е ку*ва, бил првиот исказ на Златиќ во полицијата.

Тој додал дека сите пријатели му се смееле и му велеле дека да се на негово место, такво нешто никогаш не би дозволиле.

– Еве сега некој нека ми се смее заради жена ми. Сега сите ја плачат и ја жалат, а до пред некој ден зборуваа се и сешто за неа, рекол Златиќ во разговор со полицајците.

Според споценките на психолозите, тој злосторството го извршил заради повредена суета, па токму заради тоа се решил крвавиот чин да го изведе пред толку многу луѓе, за да покаже дека не е слабак.

– Тој дури и на својот татко му признал дека ја убил Дијана, како што самиот рекол, за да се спаси од срамот. Сметал дека неговата поранешна жена го срами затоа што заедно имаат мало дете, а се гледа со други, открил извор од истрагата за српски Телеграф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top