| четврток, 6 декември 2018 |

Пехчево во видеоигра: Против сите стравови со парк за екстремни спортови (ФОТО)

IMG_1108

Љубителите на екстремните и адреналински спортови ќе можат да ги испробаат своите вештини во јазење и прескокнување на височина до 6 метри меѓу високите стебла на прекрасната борова шума на новоизградената адреналинска патека на истокот од Македонија во Пехчево.

-Авантуристички парк е место кое може да содржи широк спектар на елементи како објекти кои обично се користат за рекреација и доживување на авантура, а во нашиов случај се направени препреки од јажиња и сајли, како и од дрво, кои висат закачени на дрвја или се напавени од некој друг материјал на височина од 4 м до 6 м, поврзани меѓусебе со платформи, вели Никола Каракашов од Општина Пехчево.

IMG_1073
Бидејќи патеката бара физичка и психичка подготвеност и нуди надминување на стравот од височина, наречена е адреналинска патека.

-Другиот опис е како да си во видеоигра и треба да стигнеш од една до друга дестинација. Овие паркови обично се фамилијарни и може да бидат забавни за целото семејство, вели Каракашов.

IMG_1093

Идејата за пректот потекнува од госитн од Финска, кого пределот го потсетил на Лапленд, па ја споделил идејата за парк за развој на алтернативниот туризмам со локалната власт.

IMG_1108

Паркот се гради од пари од Општина Пехчево и од хотелот кој ќе се грижи за одржувањето, а чини 1.000.000 денари.
Паркот се градеше пет месеци, а официјалното пуштање во употреба е закажано за 10 јули 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top