| четврток, 6 декември 2018 |

Гоца Тржан: Како жена со став, би требало да се радувам што сум жива и непретепана!

Поп-пејачката Гоца Тржан важи за жена што секогаш јасно и гласно го изнесува својот став.

-Како што стојат работите, земајќи предвид дека сум жена со став, би требало секој ден да се радувам што сум жива и непретепана, истакна пејачката, која досега неколку пати има посочено дека во една своја љубовна врска била жртва на насилство.

-Кога првпат ми го направи тоа, не го оставив, но вторпат – да. Ме удри и ми го дупна ушното тапанче. Не сакам да се сеќавам на тоа, но добро е да се знае дека таквите нешта се случуваат и дека не треба да се молчи за нив, истакнува Гоца, додавајќи: „Повеќе никогаш нема да дозволам некој да помисли дека може да ме злоставува.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top