| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Се урна хеликоптер со 11 војници и нивните сопруги

Tурски воен хеликоптер се урна денеска во црноморскиот округ Гиресун.

Според турските медиуми, во хеликоптерот се наоѓале 11 војници и нивните сопруги.

Инцидентот се случил во близина на градот Алуџра, а засега не се познати причините за несреќата.

Кон местото на несреќата веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top