| четврток, 6 декември 2018 |

„Железните дами“ Меј и Лидсом фаворитки за местото од Камерон

Пратениците на британската Конзервативна партија денеска гласаат во првиот круг од постапката за избор на наследник на Дејвид Камерон.

leadsom-may

Во гласањето учествуваат вкупно 330 пратеници, а првите резултати ќе бидат познати вечерва, кога оној кој ќе има најмалку гласови ќе биде елиминиран од натамошното гласање.

Во трката за нов лидер на ториевците и иден премиер, учествуваат петмина кандидати – Тереза Меј, министер за внатрешни работи, Мајкл Гоув, министер за правда, Стивен Краб, министер за труд и пензии, заменик министерот за енергија Андреа Лидсом, како и поранешниот министер Лијам Фокс.

Според прогнозите на лондонските медиуми, фаворит е Тереза Меј, зад која застанаа сеум владини министри, околу 100 пратеници и влијателниот весник „Дејли мејл“, но како силен кандидат во последен момент се истакнува Андреа Лидсом, зад која стојат Борис Џонсон и од страна, со агитирање во медиумите, Најџел Фараж и неговата десно ориентирана и антиевропска Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП).

Медиумите предвидуваат во последната фаза од гласањето, кога треба да останат само двајца кандидати, за кои ќе гласаат членовите на Конзервативната партија, ќе останат двете „челични“ дами – Меј и Лидсом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top