| четврток, 6 декември 2018 |

Муштерии имаше од цел Балкан, никој не знаеше дека има СИДА

Четириесетгодишната проститутка Алиса С. неодамна почина, а по нејзината смрт во паника е цела Тузла и Босна и Херцеговина. Според неофицијални извори, таа била заразена со ХИВ-вирус.

Нејзиното постојано место за работа бил покрај една безниска пумпа на прометниот автопат кај Шички Брод во БиХ. Според вработените во бензиската пумпа, таа редовно седела на „работното место“, за кое дури и полицијата знаела, но секогаш им прогледувала низ прсти и неа и на нејзините колешки.

– Не дека броев прецизно, но дневно застануваа по околу 30 возила. Имаа германски, австриски, швајцарски регистрации, но имаше и многу автомобили од Балканот. Некои муштерии имаа автомобили од 100.000 евра – раскажува вработениот за хрватскиот весник „24сата“.

Дел од босанските медиуми тврдат дека Алиса боледувала од разни венерични болести, а повикувајќи се на анонимни извори од босанското обвинителство, тврдат и дека обдукцијата покажала дека имала СИДА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top