Tоа што Синиша Златиќ како дете побегнал од воено зафатениот Осијек, остави последици на неговата психа, вели психологот Александра Јанковиќ.
– Се разбира дека тоа оставило последици, а посебно затоа што пораснал на територија и во време кога оружјето на никој не му било непознато. Затоа тој многу добро знаеше како да ракува со оружјето кое го поседуваше – вели психологот за „Ало!“.
Таа додава дека Златиќ е убеден дека со оваа постапка тој ја одбранил својата чест.
– Позади се ова стои неговото чувство на инфериорност, слабост и импотенција од секој вид. Се тоа него многу го мачеше – вели Јанковиќ.
Психологот додава дека Синиша баш поради тоа чувство на слабост сакал да се запише во книгата на оние кои никогаш нема да бидат заборавени.
Во петокот навечер во кафуле во српското село Житиште, Синиќа Златиќ со огнено оружје ја уби поранешната сопруга и нејзиното ново момче, инцидент во кој загинаа уште три невини лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија