Исламистите денеска ја одбележаа двегодишнината од смртта на Осама Бин Ладен. Тие се собраа во северозападниот дел на Пакистан, две години поубиството на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда. Петстотини исламисти се собраа во градот Квета, носејќи портрети на Бин Ладен и скандирајќи слогани за поддршка на талибанскиот лидер Мола Омар.
Пред насобраните се обратија локални талибански лидери, кои нагласија дека смртта на Бин Ладен го поттикна џихадот против непријателите сили на исламот.
Бин Ладен беше ликвидиран за време на специјална операција на американски командоси во градот Аботабад во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.