| четврток, 6 декември 2018 |

Требаше да го убијам тој скот – Таткото на Дијана не може да си прости

dijana ubica tatko

Свето Савановиќ, таткото на Дијана Златиќ која беше убиена од својот поранашен маж во масакрот во Житиште, скршен од болка вели дека жали што не го убил својот зет пред да го направи крвавото дело во кое животот го загубија 5, а повредени беа 20 луѓе.

Тој изјавил дека знаел што неговиот зет Синиша ќе направи. Неговата ќерка долго се борела за да се ослободи од насилникот, а во тоа никој не сакал да и помогне.

– Јас да го убиев, нема врска, затоа што јас сум стар, овие млади луѓе немаше да бидат убиени, низ солзи изјавил Свето за српски Телеграф.

– Кога побегна од него, се врати кај нас. Рече дека не може веќе да биде со него, додал тој.

Неговата ќерка Дијана подолго време се жалела дека сопругот ја малтретира.

– Се случувало да остави сто динари пред да оди на работа, а потоа да прави сцени и расправии зошто дома нема ручек. Кога детето одеше на екскрурзија, само јас му дадов 25 динари, други пари немаше. Ситуацијата беше неподнослива. Нејзе ја навредуваше, и забрануваше да излезе од дома, кршеше по куќата. Го пријавивме кај социјалните работници и тогаш ситуацијата малку се смири, но Синиша брзо се врати на старо. На улица со сите други беше пристоен, мирен и фин. Дома вистински ѕвер, вели ожалостениот татко.

tatko sveto

– Особено беше потресна сцената кога биле на море и кога и се налутин на Дијана, па два дена ја држел заклучена во соба. Сега ми велат дека требало да го пријавам во полиција. Тоа не го сторивме затоа што ова е мало место и на некој начин е срамота…

Телото на Дијана Златиќ вчера било однесена кај нејзините родители. Се додека не го виделе ковчегот, Савановиќи се држеле цврсто, скоро како ништо да не се случило. Но кога во дворот влегол погребалниот автомобил, сите писнале во плач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top