16 матични лекари во Велес од Велес се казнети затоа што пишувале рецепти над лимитот кој им е дозволен – објави Сител. Казните се движат од 500 до 2 илјади евра. Во здружението на приватни лекари сметаат дека матичните ненамерно го надминале пропишаниот лимит.
Казни заработиле и доктори кои ги менувале колегите. По реакцијата на еснафското здружение, Фондот за здравство одлучи да не ги казнува.
Од здружението на приватни лекари апелираат и до пациентите за поголема одговорност. Да бараат терапија која им е потребна само за тековниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.