| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото за ќерката: Кејт Пери е дете на ѓаволот

Моето дете е дете на ѓаволот – смета свештеникот Кит Пери, татко на познатата поп пејачка Кејт Пери. Тој ги повикува луѓето да се молат за неговата ќерка, која според него е чедо на Сатаната.

Кит и неговата сопруга Мери се моментално на турнеја по американските цркви. Парот кој заработи милиони на сметка на својата славна ќерка во своите проповеди прикажуваат видео во кое тврдат дека „Кејт е потомок на Ѓаволот“ и дека и’ треба „оздравување“.

-Бев на еден нејзин концерт и таму имаше 20.000 луѓе. Гледав и тагував, бидејќи тие ја обожаваат погрешната личност – рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top