| четврток, 6 декември 2018 |

Еден мртов, 12 повредени во престрелка во Сирија

Еден турски полицаец загинал, а 12 лица, меѓу кои и еден војник, биле повредени во денешната престрелка меѓу вооружени Сиријци и турски граничари во близина на турскиот граничен премин Акчакале. Се уште не е потврдено дали напаѓчите биле шверцери или сириски бунтовници. Сириски опозициски активист истакнал дека двајца бунтовници се убиени во судирите, но
турски официјален претставник  излегол со изјава дека Сиријците биле шверцери, а петмина од повредените се граничари.

Сиријците запалиле караула, кабина за плаќање царина и автомобили. Градоначалникот на Акчакале, Абдулхаким Ајхан, изјавил дека околу 1.000 Сиријци се обиделе да влезат во Турција преку граничниот премин без пасоши. Откако биле одбиени
тие започнале да фрлаат камења и да ги палат објектите. Турските граничари го изгаснале огнот и кога мислеле дека нападот завршил, започнале жестоки истрели од сириска страна. Турската армија веднаш испратила дополнителни воени сили во регионот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top