| четврток, 6 декември 2018 |

Бидна „Брегзит“, си ја завршив работата: Најџел Фараж поднесе оставка

faraz

Најголемиот заговорник за „Брегзит“, лидерот на Британската независна партија (УКИП) Најџел Фараж поднесе оставка на претседателското место во партијата.

На прес-конференција тој изјави дека ја завршил својата работа, додавајќи дека никогаш не сакал да биде политичар од кариера и дека неговата цел била да ја изнесе Британија од ЕУ.

– Иако имаше тешки моменти, дефинитвно вредеше да се борам. Чувствувам дека е вистински момент да се повлечам од функцијата претседател на УКИП – изјави Фараж, додавајќи дека сака од овој момент да си го врати животот назад.

На крајот истакна дека е уверен дека Британија ќе ја напушти ЕУ и дека на премиерското место ќе дојде некој што ќе биде од редовите на оние што се залагаа за „Брегзит“.

Ова е втор политичар во Британија, заговарач на „Брегзит“, кој се повлекува од политичката сцена за кратко време.

Минатат недела Борис Џонсон, поранешниот градоначалник на Лондон и еден од главните  промотори на „Брегзит“, соопшти дека тој нема да се кандидира за лидер на Конзервативната партија на Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top