| четврток, 6 декември 2018 |

Колку килограми се здебелил лидерот на Северна Кореја откога е на власт?

Ким Џонг ун, лидерот на Северна Кореја се здебелил околу 40 килограми откога дојде пред четири години на власт во оваа земја. Тој се прејадува и премногу пие бидејќи така полесно го преживува константниот страв од атентат, пишува во извештајот на јужнокорејската агенција за разузнавање.

Како што пренесува „Гардијан“ тајната служба на затворена седница на јужнокорејскиот парламент исто така го изнела фактот дека Ким има несоница.

Ким (33), кој стана лидер на С. Кореја во декември 2011 година, откако неговиот татко Ким Џонг почина од срцев удар, имал 90 килограми кога станал лидер, а до 2014 година се здебелил и има 120 килограми.

Членот на јужнокорејската владејачка партија Ли Чеол ву изјавил дека верува оти Ким сега има 130 килограми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top