| четврток, 6 декември 2018 |

Џинобили не се повлекува, ќе одигра уште една сезона за Сан Антонио

manu-dzinobili-610x400

Се повлече од аргентинската репрезентација по Олимписките игри во Рио во 2012 година за четири години подоцна да одлучи да се врати. Привремената пензија на Ману Џинобили од националниот дрес ги принуди навивачите на Аргентина и на Сан Антонио да очекуваат пензија на кошаркарот. Искусниот бек им стави крај на гласините откако на својот блог напиша дека е подготвен да одигра уште една сезона со „мамузите“.

– Најважната вест која имам да ви ја соопштам е дека одлучив да продолжам да играм во НБА-лигата. Не се двоумев многу, но, како што правам во последно време, сакав да оставам да помине малку време и да се оддалечам од сè. Реалноста е таква – се чувствувам посигурно од минатата година. Дефинитивно, сакам да уживам во кошарката уште малку – напиша Џинобили.

Недостига уште потврда од Тим Данкан за останување во Сан Антонио за комплетирање на големата тројка (Џинобили, Паркер, Данкан).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top