| четврток, 6 декември 2018 |

Доградените тераси ќе можат да се легализираат за евро квадрат

Со новите измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти се овозможува терасите во колективните станбени згради да се легализираат по едно евро за метар квадратен. Досега за легализација на терасите  во Скопје се плаќаше од 100 евра нагоре, а во другите општини од 40 евра па нагоре.

koce i mileКако што рече на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески со предложените измени и дополнувања се намалува надоместокот за тераси на објекти со намена домување во станбени згради како и за тераси на згради кои се пренаменети во станбен простор.

-Имајќи предвид дека и градот Скопје согласно своите законски надлежности е вклучен во постапката за урбанизација и инфраструктурно уредување на просторот на подрачјето на општините, се предвидува да се изврши поделба на надоместокот. Имено, се предвидува дел од приходот од надоместокот да се распределуваат на градот Скопје, во сооднос 60 отсто за градот и 40 отсто за општините во градот Скопје на чие подрачје е изграден бесправниот објект, рече Јанакиески.

-Министерство за транспорт континуирано и секојдневно го мониторира одвивањето на процесот на легализација на бесправните објекти со цел тој да заврши што побрзо и ова прашање за сите оние за кои претставува проблем да биде решено, истакна министерот Јанакиески.

Тој нагласи дека со предложените измени се врши и усогласување со новиот Закон за катастар на недвижности, односно се предвидува запишување во јавните книги за недвижности на сите видови линиски инфраструктурни објекти и електронски комуникациски мрежи.

Според податоците на Министерството за транспорт и врски досега се уважени речиси 50.000 барања за легализација.

Министерот Јанакиески апелираше до граѓаните и правните субјекти да ја комплетираат документацијата за легализација затоа што рокот за доставување на геодетските елаборати истекува на 18 јуни 2014 година.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски оцени дека со измените ќе им се овозможи на поголем број граѓани кои имаат тераси да ги легализираат. Барањето за измени на Законот за постапување по бесправно изградени објекти, како што рече Трајановски, е на барање на граѓаните кои имаат балкони и тераси во станбените објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top