| четврток, 6 декември 2018 |

Супер интересна трка во Австрија, Хамилтон до пиедесталот

hamilton

Денешниот победник во Формула 1 на трката за Големата Награда на Австрија беше решен во последниот круг односно на само неколку свиоци до стартно-целната рамнина. Нико Розберг кој стартуваше од седмата позиција поради казната од пет места која ја доби пред квалификациите, беше на чекор до победата бидејќи пред инцидентот кој го имаше со својот клупски колега Луис Хамилтон беше на првата позиција. Колизијата која се случи меѓу двата возачи на Мерцедес го исфрли Хамилтон на врвот на колоната, а Розберг падна на четвртото место минат од Верстапен и Кими Раиконен.

На стартот на трката и по промените на гридот (Розберг и Фетел дополнителни пет места поради менување на менувачот), Хамилтон успеа да ја задржи стартната позиција. Раиконен накратко се провлече кон втората позиција, но ја загуби. Првото излетување го имаше уште во третиот круг кога болидот на Дани Квијат откажа. Возачот на Торо Росо стартуваше од пит-лејнот поради проблеми на болидот кои беа абележани по завршувањето на вчерашните квалификации.

Водечките имаа рчеиси слична стратегија – да се започне на ултрамеки пневматици, па промена по десетина извозени кругови. Таква стратегија немаше Ферари. Себастијан Фетел се обиде да го извлече максимумот од своите пневматици откако водечките „сребрени стрели“ заминаа во боксот во 22 односно 23 круг., но не успеа. Трката за него заврши уште во 7 круг.

Еден од болидите на Мекларен, кои се пофалија дека новите промени на болидот ги довело на ниво на водечките, ја заврши трката во зоната за бодови (Батон шести, Алонсо 18).

Фелипе Маса повторно остана без пласман, додека Паскал Верлејн го освои првиот бод во својата кариера завршувајќи на десеттото место.

avstrija plasman

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top