-Косово е подготвено за спроведување на договорот од Брисел, кога планот за имплементација ќе биде прифатен и од официјален Белград – вели косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи. Тој за „Трибјун“ нагласува дека реализацијата на договорот нема да биде лесен процес, кој може да трае со месеци, но дека Косово е веќе подготвено да почне со негова имплементација.
Реџепи смета дека некои прашања треба да бидат решени до јуни бидејќи Србија има црвена линија до кога треба да ги растури илегалните безбедносни структури, како услов за почеток на преговорите со ЕУ.
– Без тоа процесот не може да почне – изјавил Реџепи, додавајќи дека ќе биде грешка, доколку тоа и се дозволи на Србија.
Косовскиот министер за внатрешни работи нагласи дека не е изненаден што Србија се обидува да најде начин да ја избегне реализацијата на договорот, преку распишување референдум или некој друг начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји