Македонската одбојкарска репрезентација го повтори успехот од минатата сезона играјќи во финалето на Европската лига. Денеска во Варна избраниците на селекторот Жарко Ристоски се обидоа но не успеаја да стигнат чекор понатаму односно да се искачат на највисокото место на пиедесталот одигрувајќи лош натпревар во финалето против селекцијата на Естонија.
Седумте победи од истотолку натпревари во досегашниот дел од Европската лига очигледно не беа мерило за квалитетот на нашиот состав кој мора да се признае видно ослабен и подмалден по откажувањето на неколкуте првотимци оваа сезона.
Естонија со максимални 3-0 ја надигра нашата репрезентација и во ниту еден момент не го доведе мечот во неизвесност, освен во третиот сет кој сепак на крај рутински го приведоа до крај.
Во првите два сета младите македонски одбојкари очиглено преимпреимпресионири влегоа во натпреварот и сосема заслужено ги загубија убедливо со 25-19 и 25-13. Естонски состав знаеше како да го искористи тоа и да им се одмазди на македонските одбојкари за поразот во минатогодишното полуфинале. За Македонија среброто останува како краен дострел во ова натпреварување, бидејќи за злато очигледно е потребно нешто повеќе од силен тимски дух и карактер, двете работи кои ги красат нашите одбојкари, но се недоволни за искачување на тронот.
налетите на противничката селекција, која во голем стил го доврши сетот, добивајќи го со убедливи 25-13.
Македонските одбојкари најсилен отпор дадоа во третиот сет, во кој не му дозволија на противникот посериозно да се одлепи. По позитивата од 10-8 за нашата репрезентација, Естонија го сврте резултатот во своја полза и на вториот технички тајмаут се замина со предност на противникот од 14-16. „Црвено-жолтите“ стигнаа до 18-18, но тоа беше се што успеаја да сторат, противничката селекција набрзина поведе со 22-19, па иако Македонија стигна до 22-21, Естонците сепак на крајот го добија сетот со конечни 25-23.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.