| четврток, 6 декември 2018 |

Тој го направи масакрот во Србија – Викнал “Сите ќе ги убијам” и почнал да пука

zlatic

Синиша Златиќ (38) е човекот кој утрово во 1:40 часот по полноќ упаднал во кафулето „Макијато“ во Житиште, и уби петмина, а повреди повеќе од 20 луѓе со автоматска пушка. Тој во локалот ја видел својата поранешна сопруга Дијана (30) како седи со новото момче, по што викнал „Сите ќе ги убијам“, се вратил по оружјето, по што ја убил нејзе, другарката на Дијана, Јована Поповиќ (20), а потоа продолжил да пука и по насобраната маса.

Девојките од здобиените повреди починале на лице место, а Синиша ранил уште 25 лица, кои веднаш со помош на полицијата, граѓаните и итната помош биле префрлени во болница.

За жал, уште три лица починале набрзо откако стигнале во болницата, седумина се тешко ранети и се уште примаат медицинска нега, а 15 имаат повреди кои не се опасни по живот. Меѓу ранетите има и малолетни лица. Дијана и Синиша имале едно дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top