| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Нема поништување ниту одложување на Брегзит

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска после средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон дека одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија не може да биде ниту поништена, ниту одложена.

– Одлуката е донесена, не може да се одложи и не може да биде откажана. Тие сега мора да се соочат со последиците, изјави Оланд на маргините на свеченоста по повод стогодишнината од Битката на Сома во северна Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top