| четврток, 6 декември 2018 |

Нова видеопорака од ИСИС на босански јазик: Повикуваат на убиство на српски пратеник

Медиумскиот сервис на Исламската држава „Фурат медиа“ само неколку дена по првата снимка објави втора на босански јазик.

Во снимката се повикуваат сите припадници на ИСИС да го убијат пратеникот во српскиот парламент Муамер Зукорлиќ, пишува сараевскиот портал „Сафф.ба“.

– Ова е јасен знак и најава на новите активности на Исламската држава на подрачјето на БиХ. Исламската држава е првенствено непријател на исламот и муслиманите – пишува порталот.

Пред неколку дена беше објавена снимката на Јасмин Кесеровиќ, припадник на ИСИС кој се закани на жителите на Сан Франциско и Лас Вегас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top