| четврток, 6 декември 2018 |

Брегзит – лекција која Англичаните, Шкотите и Ирците не ја научија од Србите, Словенците и Хрватите

Обединетото кралство има многу сличности со СФРЈ. Таа е компликувана мултинационална држава која настана од оспоруваниот историски проект кој често се претопувал со империјалискиот проект на земјата која е јадро на мултинационалната држава. За СФРЈ тоа била Србија, а за Британија - Англија. Како Англичаните во Шкотска и во Ирска, така Србите во Хрватска и Босна и Херцеговина биле посматрани како брутални конквистадори

Брегзит е тема која со денови ги полни насловните страници на сите светски медиуми. Официјалната страница на Универзитетот во Шефилд, односно одделот за историја објави интересна паралела меѓу Брегзит и Југославија.

Автор на текстот е Феѓа Буриќ, кој работи како асистент на овој Универзитет.

На 23 јуни 2016 година Обединетото кралство реши да излезе од ЕУ. Неволјата е во тоа што одлуката не беше единствена, така што сега главната причина за постоење на мултинационална држава исчезна. Во раните 90-ти години Југословените исто така на референдум се изјаснуваа дали да останат дел од една друга федерација. Резултатот беше крвопролевање и распарчување на Југославија. Што може една мртва држава да ја научи друга, која е (едвај) жива?

Сличност со СФРЈ

Обединетото кралство има многу сличности со СФРЈ. Таа е компликувана мултинационална држава која настана од оспоруваниот историски проект кој често се претопувал со империјалискиот проект на земјата која е јадро на мултинационалната држава. За СФРЈ тоа била Србија, а за Британија – Англија. Како Англичаните во Шкотска и во Ирска, така Србите во Хрватска и Босна и Херцеговина биле посматрани како брутални конквистадори. Како Англичаните, Србите биле неразбрани тукму од оние кои сакале да ги интегрираат. Како не-Англичаните во Британија, не-Србите во СФРЈ се чувстувале малтретирано и колонизирано од многу помоќните. Постоело меѓуетничка и меѓуверска нетрпеливост и насилство. Но, и покрај се, елитите успевале од време на време да формираат неуредни, но трајни мултинационални експерименти. Малцинствата кои биле заглавени во областите во кои нивните политички желби не биле слушнати, добиле посебни привилегии. За протестантите во Северна Ирска задржувањето на културните и политичките врски со нивните браќа во Англија било подеднакво важно како и врската на Србите во Босна со нивната татковина.

Кога падна Берлинскиот ѕид, падна и СФРЈ

„Британството“ никогаш не беше официјална политика на Британија, како што ни „југословенството“ не беше политика на СФРЈ. Наместо тоа, елитите кои ги креираа тие уредувања најверојатно се надевале дека со години, децении и векови Англичаните, Ирците, Велшаните и Шкоти ќе почнат себе да се доживуваат како Британци, како и дека Србите, Хрватите, Словенците, Македонците, Црногорците и муслиманите ќе станат Југословени. Како што падна Берлинскиот ѕид, така се сруши и Југославија. Национализмот се разбуди, а демоктарскиот популизам зазема главно место.

Ако постои лекција која Британија може да ја научи од Југославија, тогаш тоа е дека референдумите се ужасна работа. Тие инстант-вежби на директна демократија не само што не се во состојба да решат егзистенцијални општествени прашња, туку на површината носат општествени поделби кои претходно биле канализирани во општествено-политички дискурс, како во Британија или биле задушени во репресија како во СФРЈ.

По Брегзит, Кралството се соочува со слична, почетна ситуација. Во голема мерка, недостатокот на националниот консензус се претвори во прашање на живот или смрт за земјата. Британија надвор од ЕУ се чини многу предвидливо, како и крајот на Бих надвор од Југославија. Шкотите се отцепуваат, Северна Ирска бара право на самоопределување и потоа се припојува на Република Ирска, додека протестантите се повлекуваат од политиката потполно свесни дека политичкиот процес ги претвора во малцинство.

Брегзит треба да не научи дека референдумот често може да биде популистички акт кој овозможува на демагогијата да ја користи политиката на демократски начин. Се разбира, референдумите се демократски. А може да бидат и смртоносни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top