Цените на нафтата на светските берзи пораснаа денеска, откако централните банки на повеќе земји низ светот објавија дека ќе понудат финансиска поддршка по изгласаниот Брегзит.
Ова предизвика оптимизам и во нафтениот пазар, па така американската „лесна“ нафта за испорака во август денеска во Азија се продаваше за 0,7 отсто поскапо односно за 48,67 долари за барел. Во исто време, северноморската нафта „брент“ во договорот за испорака во септември поскапе за 0,78 отсто на 50,1 долари за барел.
– Се чини дека инвеститорите бараат причини за оптимизам во поглед на опоравувањето по Брегзитот – рече Бернард Оу, аналитичар од компанијата „ИГ Маркетс“.
Познавачите на состојбите на нафтениот пазар сметаат дека минатонеделниот пад на резервите американско „црно злато“ исто така оди во прилог на покачувањето на цените. Но, континуиран раст на цените е можен само во случај ако поизводителите кванитативно го намалат своето производство.
По пазарниот шок предизвикан од резултатот од референдумот за излегување на Обединетото Кралство од ЕУ минатиот четврток, кој предизвика пад на цените на сите берзи, неделава следеше нормализација на состојбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.