| четврток, 6 декември 2018 |

Атинскиот градончалник ѝ застана на патот на Златна зора

Градоначалникот на Атина Јоргос КаминисСолзавец го прекри плоштадот “Синтагма“ во центарот на Атина. Грчката полиција ги спречи членовите на “Златна зора“ да организираат делење на бесплатна храна “само за Грци“.Полицијата реагираш на барањето на градоначалникот на грчката престолнина Јоргос Каминис кој ја забрани акцијата и побара полицијата да интервенира.
Затоа пратеник на Златна зора Јоргос Герменис, како што јавуваат грчките медиуми, се обидел да го удри Каминис во општинската зграда каде се делеле велигденски свеќи на деца, но бил запрен од обезбедувањето на градоначалникот. Во инцидентот е повредено едно 12-годишно девојче.

Грчката полиција утрово употреби солзавец на плоштадот Синтагма за ги спречи припадниците на неофашистичката партија „Златна зора“ да ја организираат акцијата за делење храна „Само на Грци“.
Вчера “Златна зора“ објави дека сака да подели бесплатна храна пред зградата на парламентот пред Велигден.
Минатата година исто така беше организирана ваква акција. Тогаш членовите на “Златна зора“ бараа луѓето да потврдат со документи дека се грчки државјани, за да не може имигранти да добијат храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top