Пијан гостин минал весела вечер во еден италијански ресторан во американската сојузна држава Колорадо, при тоа несебично делејќи им „дебели“ напојници на келнерите. Но, веќе следното утро зажалил поради тоа и се вратил во угостителсиот објект молејќи ги вработените да му ги вратат неговите пари.
Шефот на ресторанот исто така бил воодушевен од гостинот, но сепак бил нешто повнимателен, па ги советувал вработените се уште да не ги делат парите, туку да чекаат да помине еден ден.
Неговите стравувања се покажале како точни, бидејќи анонимниот гостин уште во утринските часови следниот ден зажалил за својата постапка и посрамен дошол во ресторанот молејќи да му ги вратат парите.
– Ниту за миг не размислувавме дали треба да му ги вратиме парите или не. Ни беше жал за вработените кои се радуваа на напојницата, но знаеме дека ја направивме вистинска работа со тоа што ги вративме парите, изјавил сопственикот на ресторанот.
Парите му биле вратени на гостинот, а тој во знак на благодарност сепак оставил сто долари напојница и се извинил за целтата ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Овој хармоникаш го доби најголемиот бакшиш на свадба: Буквално лежеше во пари
-
Добил бакшиш од 6.000 евра бидејќи му ја погодил песната на гостинот (видео)
-
Бакшишот се броел до доцна во ноќта: Сања Ристеска ја „осиромаши“ Америка (фото)