| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредена Марија Шерифовиќ, откажан вечерашниот концерт

Поп-пејачката Марија Шерифовиќ мораше да го откаже денешниот концерт во Подгорица поради сериозна повреда на вратот, која ја добила за време на концертот во Дизелдорф, пренесуваат српските медиуми.

-Мора да ја санирам повредата, следниве неколку дена ќе имам голем број терапии, па се надевам дека брзо ќе ми помине. Се надевам дека наскоро ќе им се вратам на настапите, а жал ми е што морав да го откажам концертот во Подгорица, објасни Марија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top