Пред почетокот на чевртфиналниот натпревар на Европското фудбалско првенство меѓу Полска и Португалија со минута молк ќе им биде оддадена почит на жртвите на терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, соопшти дополнително ФИФА, објави „Макфакс“.
Претходно ФИФА објави дека нема да има минута молк бидејќи, според нејзините правила, тоа се прави само кога нападот ќе се случи во земја чија што земја сѐ уште се натпреварува или во земјата домаќин.
Бројот на загинати во терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул се искачи на 44 лица, додека ранети се 238.
Натпреварот Полска-Поргугалија ќе се игра вечерва во Марсеј со почеток од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.