Крис Кели, еден од двајцата пеачи на некогашната тинејџерска рап-атракција „Крис Крос”, кои на почетокот на дваесетите години на минатиот век постигнаа голема популарност, е пронајден мртов. Според првичните информации починал од преголема употреба на наркотици.

Според американските медиуми Кели починал вчера во пет часот попладне во Атланта. Причината за смртта ќе биде соопштена по извршената аутопсија. Групата „Крис Крос” постигна голем успех во 1992 година со хитот “Jump” кој беше прв на светската музичка топ листа во тој момент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


