Една од песните од новиот албум на Цеца Ражнатовиќ привлече големо внимание уште пред нејзиното промовирање, и тоа поради необичниот наслов кој гласи „Дидуле“. Имено, многумина се запрашаа што всушност значи зборот „дидуле“, а одговорот го даде самата пејачка:
-Исто што и ромале-ромали, џиџи-миџи, тра-ла-ла, дечко, го отпеа своето и повеќе не можам да те толерирам, ниту да те трпам… Довидување, пријатно“, смеејќи искоментира Цеца за „Блиц“. Воедно, Цеца откри и дека концертот на Ушќе нема да се одржи годинава.
-За две години ќе навршам полни 30 години од мојата естрадна кариера, така што тогаш ќе снимам уште еден албум и ќе се случи второто Ушќе – најавила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.