На Николас Калсен му предвидуваа убава актерска кариера. Пред 24 години заедно со Бред Пит глумеше во „Денови на слава“, серија, која, за жал, не живееше долго. Ја укинаа по шест епизоди.
Сепак, по овие неславни актерски денови, кариерата на Бред појде во вистинска насока, додека таа на Николас стрмоглаво во бездна. На крајот цимерот на славниот актер животот го заврши во запуштена соба на Тајланд. Полицијата го пронашла мртов, а причина за смртта – предозирање.
Веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател Мајкл Доријан.
„Вечно ќе се сеќавам на него. Дел од моето прекрасно минато засекогаш исчезна“, напишал Доријан на „Фејсбук“.
Калсен и Пит неколку години живееле заедно и заедно оделе на аудиции. Така, постои приказна дека Калсен ја преспал аудицијата за „Телма и Луис”, а Пит се разбудил навреме и на крајот ја добил улогата.
Пит стана суперѕвезда со светска слава, а Калсен актерската кариера ја заврши уште во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.