| четврток, 6 декември 2018 |

Четвртфиналето на фудбалското ЕП се отвора со мечот Полска – Португалија

Полска и Португалија во 21 часот во Марсеј денеска го играат првиот четвртфинален натпревар на фудбалското Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Франција.

Победникот од овој меч ќе се пласира во полуфиналето против подобриот од мечот Велс – Белгија.

Полска пласманот меѓу осумте најдобри го осигура откако ја елиминира Швајцарија на пенали во осминафиналето на континенталното наптрварувње. По продолжението беше нерешено, 1-1, за на крај Полјаците да слават со 5-4 по изведувањето на шутевите од 11. метри. Полска дефанзивно одлично изгледа на ЕП. Во групата никој од противниците (Германија, Северна Ирска и Украина) не успеа да постигне гол. Единствен погодок кој го прими Полска беше неодбрамбениот подогодок на Шаќири, кој беше вистинско ремек-дело, што е трет гол воопшто што го примила Полска годинава.

Португалија ја мина групата и ја исфрли Хрватска во осминафиналето. До оваа фаза Португалците стигнаа без ниту една победа во регуларните 90. минути. Групата ја поминаа едвај, како третопласирани со три ремија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top