| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе и Џенифер Лопез ќе пејат на концерт за здравјето на жената

Бијонсе и Џенифер Лопез ќе бидат меѓу главните ѕвезди кои ќе пејат на четиричасовниот хуманитерен концерт во Лондон идниот месец чија цел е да се соберат средства за проекти со кои ќе се подобри здравјето и образованието на жените во целиот свет.

бијонсе

Концертот е закажан за 1 јуни во Лондон и ако се продадат сите карти ќе се соберат средства за најмалку 120 проекти со кои може да им се помогне на девојките и жените во 70 држави во светот.

Бијонсе, која во моментов има европска турнеја, ќе има 45-минутен настап, а неа ќе ѝ се придружат и Лопез, Џон Леџенд и други. Цената на билетот е од 67 до 117 фунти, а во продажба се пуштени 52 илјади влезници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top