| четврток, 6 декември 2018 |

Измени на „Фејсбук“ кои се чекаа одамна

„Фејсбук“ подготува уште една промена во прикажувањето новости (news feed) или она што го објавиле нашите пријатели или им се допаѓа.

Тие најавија дека во иднина објавата на членовите на семејството и пријателите ќе има примат во покажувањето новости. Целта е на корисниците да им бидат прикажани најрелевантните приказни, истакнуваат од компанијата.

Социјалната мрежа се реши на тој чекор откако припадниците на Конзервативната партија ги обвинија дека поради некои ставови ги ограничуваат во прикажувањето на популарните теми. Од компанијата велат дека била направена ревизија и не била утврдена пристрасност, но во иднина ќе се води сметка на платформата да владее неутралност.

Истражувањата покажуваат дека „Фејсбук“ стана главен извор на вести, дури и кога корисниците на мрежата доаѓаат од други причини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top