| четврток, 6 декември 2018 |

Казна до четири илјади евра за работодавачите кои нема да платат празнична дневница

Работодавачите ризикуваат да платат казна до четири илјади евра ако не исплатат празнична дневница на работниците кои работат на празник. Ова во интервју за телевизијата „Сител“ го изјави министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски.

rabotnici

– Би порачал на секој работодавач дека треба да пријави оти  има работници на работа за време на празник, а во исто време и да ги потсетам дека треба да исплатат празнична дневница. Дали е исплатена ваква дневница може многу лесно да се провери преку картончињата за исплата на плата или прекиу електорнста евиденција за исплата на плата. Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра – изјави Ристовски за  „Сител“.

Освен за Први мај, празнична дневница треба да биде исплатена за православните верници кои ќе работат в петок, како и за сите работници кои ќе бидат на работа во понеделник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top