| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето Најден ќе го оперират лекари од Америка

Тим од американски лекари кои деновиве се на работен престој на Детската клиника, откако ги извршиле сите детални прегледи на Најден, донеле одлука дека е неопходна операција на јазикот и ја закажале на првиот ден штом Најден ќе наполни три месеци

Бебето Најден, кое беше пронајдено фрлено во скопско Арачиново со пресечено јазиче, ќе добие нов јазик, пишува весникот „Дневник“.Тим од  американски лекари кои деновиве се на работен престој на Детската клиника, откако ги извршиле сите детални прегледи на Најден, донеле одлука дека е неопходна операција на јазикот и ја закажале на првиот ден штом Најден ќе наполни три месеци. Тие се убедени дека тоа ќе биде нов и убав почеток за Најден.

INKUBATOR

– Операцијата ќе ја извршат американски лекари во Скопје, со помош на македонски хирурзи. Американските лекари утврдија дека всушност голем дел од јазикот на Најден е отсечен и тоа што останало е одвај во функција. Најверојатно тие што го сториле тоа сакале да му го откорнат целото јазиче. Kога Најден дојде во болница му беше закрпен коренот на јазикот, сега е потребно да се направи реконструктивна операција. Тој е сега во стабилна здравствена состојба. Овој случај ги затече и лекарите од Америка зашто досега не се случило да работат со пациент што се родил без јазик бидејќи нема таков – изјави за „Днвеник“  директорката на Kлиниката, Аспазија Софијанова.
Директорката Софијанова вели дека Најден ќе остане на Kлиниката с` додека лекарите не го оспособат за живот, непречено да јаде и да живее. Од МВР ни изјавија дека с` уште немаат новости од истрагата кој го оставил и го повредил новороденчето во Арачиново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top