По одличната изведба на претставата на Куклениот театар од Бјалисток, Полска, „Хроника на принцот Х.“, во адаптација и режија на Јацек Малиновски, која прикажа свежо и необично видување на творештвото на Шекспир, вечерва на фестивалскиот репертоар, во рамките на четвртото издание на интернационалниот „Битолски Шекспиров фестивал“ е изведбата на претставата „Сонети на летната ноќ“.
Станува збор за четири приказни инспирирани од Сонетите од Шекспир, копродукциски реализирани меѓу Народниот театар од Битола и театарската компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара, Калифорнија, САД.
Првиот дел на „Битолски Шекспиров фестивал“ завршува утревечер (1 јули), кога на сцената на Народниот театар од Битола ќе бидат изведени две дела, претставата по „Сонети“ од В. Шекспир насловена „Ш“, во режија на Јован Ристoвски, како и „Сонети“ во режија на Ангелчо Илиевски.
Четвртото издание на интернационалниот „Битолски Шекспиров фестивал“ официјално ќе биде затворен на 25 јули кога во Битола ќе гостува истанбулскиот градски театар со претставата „Дванаесетта ноќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва почнува „Битола Шекспир Фестивал“: Претставата „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“ го отвора фестивалот
-
Александар Аладишев, руски актер: Театарот е универзален јазик
-
Со музичко-сценски „Шекспир колаж“ почна „Битола Шекспир фестивал“
-
Валентин Светозарев: Битола Шекспир фестивал ја промени репертоарната политика на нашите театари