| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска во промет новата банкнота од 5 евра

Новата банкнота од пет евра, прва од серијата новчаници наречена „Европа“, ќе биде пуштена во промет од денеска, четврток, 2 мај, соопшти Европската централна банка.

5 evra

Банконтата ќе биде на располагање на шалетрите на банките и автоматите за пари, додаде монетарната институција од Франкфурт.

Старите банкноти од првата серија сѐ уште се важечки, но постепено ќе бидат повлекувани од употреба. Датумот на нивното целосно повлекување ќе биде објавен однапред. Ако граѓаните не стасаат да ги заменат старите банконти со нови, тоа можат да го сторат во централните банки на евро-зовната. Вредноста, се разбира, ќе остане иста.

Главната разлика меѓу втората и првата серијае во тоа што на новата банкнота го има портретот на Европа, принцеза од грчката митологија, која го завела Зевс, во лик на бик и таа му го дала името на континентот. Избраното лице на Европа птекнува од 4. век пред нашата ера, најден на еден артефакт, керамичка ваза, која е дел од колекцијата на музејот „Лувр“ во Париз. Новата банкнота има нови сигурносни знаци, дизајнирана така за да го отежна фалсификувањето.

Инаку, новата банкнота е многу слична на старата, имаат ист формат, сива боја и дизајнот е сличен. Европската централна банка планира постепено да ги менува банкнотите од 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра. Новата банкнота од 10 евра е планирана да излезе во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top