Пакистанката Малала Јусафзаи, активистка што се залага за право на образование и преживеа напад на талибанци, стана богаташка за помалку од четири години поради големата продажба на книгата за нејзиниот живот како и со говори низ светот.
Јусафзаи (18) е најмлада личност што добила Нобелова награда. За своите говори таа наплаќа по 152.000 долари. За споредба, јужноафриканскиот борец против апартхејдот Дезмонд Туту за говор бара 85.000 долари, наведува американски институт. Нејзините мемоари „Јас сум Малала“ објавени во 2013 година се продадени во 287.000 примероци во Британија, со што заработи 2,2 милиона фунти, а во светот оклу 1,8 милион примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.